661
Тројца српски државјани, за кои постои сомневање дека се членови на групата „Пинк Пантери“, биле уапсени во Дизелдорф, Германија, по грабеж на златарница, што го извршиле за време на полицискиот час, што важи таму поради коронавирусот.
Според германски Билд, разбојништвото се случило во саботата, а мета на овие крадци била златарницата „Христ“ во строгиот центар на градот.
Крадците избегале по грабежот, но полицијата набрзо успеала да ги идентификува и да им стави лисици на рацете.