Групна тепачка пред локал во Аеродром

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок

од Nikola Popovski
18 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб/Тв Сител

Викендов дошло до физички напад пред угостителски објект во скопски Аеродром, соопштија од МВР.

Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера (28.12.2025) во 21:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во угостителски објект на подрачјето на општина Аеродром бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Д.Т.(23), А.И.(25) и П.З.(21) од една страна и С.П.(37) и Д.П.(32) од друга страна, сите од Скопје.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.