Индиската полиција истражува случај на групно силување 4-годишно девојче на одделението за интензивна нега во болница на северот на земјата.

Според полицијата, девојчето и рекло на својата баба дека припадник на болничкиот персонал и уште четворица мажи ја силувале ноќта кога останала сама.
Полицијата уапсила еден од нив, а по другите се трага, и исто така се обидува да утврди зошто девојчето било само во болница.
Девојчето било примено во болница поради каснување од змија.
Болницата е оддалечена 250 километри од главниот град Лакнуа на сојузната индиска држава Утар Прадеш.