Грушко: Ситуацијата на Балканот ескалира поради политиката на САД, НАТО и ЕУ

од Vladimir Zorba
60 прегледи

Рускиот заменик-министер за надворешни работи Александар Грушко денеска изјави дека ситуацијата на Балканскиот Полуостров станува се посериозна поради политиката на САД, НАТО и Европската унија.

Грушко во интервју за ТВ каналот „Русија 24“ изјави дека западните земји вршат постојан притисок врз Србија да ја тргне од сегашната позиција, користејќи ги сите расположливи средства, вклучително и „поткопување на внатрешната стабилност“.

„Ситуацијата на Балканот се влошува и станува се поакутна како резултат на намерната политика на земјите од НАТО, Европската унија и САД. Овие земји вршат притисок врз Србија да ја признае независноста на Косово и да се приклучи кон антируските санкции“, вели Грушко, пренесе РИА.

Кога станува збор за членството на Украина во НАТО, Грушко рече дека Русија ќе бара „цврсти гаранции“ кои го исклучуваат пристапот на Украина во НАТО, бидејќи таквиот потег ќе го оневозможи постигнувањето мир.

„Пристапувањето на Украина во НАТО е еден од клучните елементи на можниот договор за решавање на конфликтот во Украина.“, додаде тој.

Слични содржини