Владата на Грузија на државните функционери им забрани да се возат во црни автомобили.

Според премиерот Ѓорѓи Кваирикашвили, овој чекор претставува крај на ерата „црни џипови“ и премин на општествено прифатлив транспорт.
Сите државни служби се должни да претстават план за купување нови автомобили, а дел од флотата ќе бидат еколошки прифатливи модели.
На почетокот од годинава и Туркменистан забрани употреба на црни автомобили за сите граѓани, но причината е сосема друга.