Гугл снима се што зборувате

од Vladimir Zorba
182 прегледи

 

Ако сте користеле гласовно пребарување на мобилниот телефон со Андроид или во пребарувачот на Гугл, важно е да знаете како функционира таа опција.гоогле

Гугл брзо ги препознава зборовите и изрази и вашите прашања ги формулира на правилна текстовна фраза, но тоа што не го знаёте е дека алатката ги зачувува сите гласовни пребарувања, кои сте ги направиле.

Ако одите на страницата https://myactivity.google.com/ и се логирате на вашиот Гугл, ќе можете да ги видите и преслушате сите ваши досегашни гласовни пребарувања.

Ако сакате да ги избришете кликнете на трите вертикално поставени точки и одберете ја опцијата избриши. Ако не сакате вашите пребарувања да се снимаат, немојте да користите гласовно пребарување.

Иако од Гугл не ги објаснија причините на снимањето, најверојатно тоа го прават за да развијат систем на гласовно пребарување.