Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ рече дека е можно црногорската влада по обновувањето обновувањето на државната независност да ја обнови и црквата која ќе стане автокефална и признаена, нарекувајќи ги дејствата на Српската православна црква (СПЦ) во Црна Гора „циркус“.
Говорејќи за повиците за заштита на Србите во Црна Гора, Ѓукановиќ рече на прес-конференција по повод двогодишниот мандат, што се одржа пред резиденцијата во Цетиње, дека неодоливо потсетува на 90-тите години.
„Денес тие не повикуаат од Сараево, туку од Подгорица“, рече Ѓукановиќ, изјавувајќи дека не е можно да се повтори „сараевското сценарио“.
Тој додаде дека „Српската православна црква сака да управува со Црна Гора и да ги одреди нејзините насоки и карактер“.
„Дали на Црна Гора местото и е во Европа или на друга страна“, праша тој.
На прашањето дали законот за слобода на религијата е провокација на стабилноста, тој рече: „Суштинска дилема е дали државата треба да ги замени законите од комунистичката ера со нови закони, усогласени со европските? Да, на Црна Гора и треба Закон за слобода на вероисповеста и истиот беше донесен во вистинско време“.
Тој нагласи дека сè што е земено од Црна Гора ќе и биде вратено.
„Не ни ги нудите оние крвави формули за иднината на Балканот. Ние нема да ги прифатиме“, рече Ѓукановиќ.
Тој посочи дека ниту една верска заедница, дури ни Српската православна црква, нема право да присвојува нечиј друг имот, да се спротивстави на судската проверка на катастарските записи на црковниот имот, да не плаќа даноци и нелегално да носи свештеници во државата.
„Тие велат дека водат обединет народ. Против кого? Доста беа циркуси“, рече Ѓукановиќ.
Тој рече дека е можно и формирање на православна црногорска црква.