Ѓуленистите ја користеле финансиската структура на Ескобар како пример

од desk3
85 прегледи

 

 

Хуриет Дејли Њуз – Истанбул

Движењето на исламискиот проповедник Фетулах Ѓулен, кој живее во доброволен егзил во САД, ја презеле финансиската структура на нарко-босот Пабло Ескобар како пример, изјави Шафак Ертан, професор и потпретседател на Полициската академија пред Парламентарната комисија која беше формирана за да го испита неуспешниот обид за пуч од 15 јули, за кој се смета дека бил организиран од ѓуленистите.

fethullah-gulen-10

– Тие (ѓуленистите) ја зеле финансиската структура на Ескобар како пример, рече Ертан. – Организацијата го користи терминот „движење“ како маска. Постои официјален документ кој кажува дека е ова криминална организација. Ако документото не беше најден, немаше да можеме да зборуваме за ова денес. Таквата структура уште од почетокот од 80-те останала и до денес. Го најдовме документот во цистерна која тие ја заборавиле, рече тој.

Ертан, кој е меѓу првите личности кои комисијата ги консултираше, забележа дека ѓуленистите го зеле примерот и на Заедницата на Исус кога финснсиски се структурирале.

Комисијата, која беше формирана и одобрена од Парламентот, избра кого ќе сослуша и испраша на 13 октомври и го донесе распоредот на состаноците. Комисијата е составена од пратеници од сите четири турски политички партии, кои имаат претставници во Парламентот. Таа го одржа првиот состанок на 7 октомври.

За членови на Комисијата беа именувани девет пратеници од владејачката Партија на правдата и развојот (АКП), четворица пратеници од главната опозициска Републиканска народна партија (ЦХП), еден пратеник од Партијата за националистичкото движење (МХП), и еден пратеник од Народната демократска партија (ХДП).

Во меѓувреме, 189 решенија за притвор беа издадени на 14 октомври за судии и обвинители како дел од тековната рација против движењето на Ѓулен под сомнеж дека користеле „БајЛок“ програма, апликакција за испраќање и примање пораки, за која се вели дека групата ја користела за конспиративни разговори, извести државната агенција Анадолија.

Полицијата направи пребарувања во суд во Анкара и во Апелацискиот суд као дел од операцијата.

Осомничените судии и обвинители работеле во Министерството за правда и судовите низ целата земја, а некои биле судии за истраги во Апелацискиот суд и во Државниот совет. Посебно, Суд во Истанбул нареди ослободување на тројца генерали и еден адмирал утрото на 14 октомври, а тоа беше првото ослободување на високи офицери како дел од тековната истрага за спречениот државен удар.

Судот нареди ослободување на генерал мајорот Вели Јилдирим, командирот Шенер Јазичиоглу, командирот Али Акујурек и генералот Омер Месут Ак, поради недостиг на докази и покрај сомнежите дека соработувале со заговорниците на превратот.

Петтот кривичен суд во Истанбул прво ги одби барањата за одлободување за Јудирим, Јазичиоглу и Ак.

Но. Шестиот кривичен суд во Истанбул подоцна нареди ослободување на тројцата офицери, по жалбата на нивните адвокати.

Според одлуката на Судот, нема докази за факти дека војниците со кои командувале генералите учествувале во обдот за пуч, иако нивните имиња се вклучени на листата на генерали кои би го надгледувале воведувањето на полицискиот час ако превратот успеел. Исто е забележано дека постојат сомнежи оти офицерите соработувале со пучистите, но дека одлуката за нивно ослободување била донесена заради тоа што тие имале постојан престој.

Јилдирим бил приморан предвремено да се пензионира од страна на Врховниот воен совет (ЈАШ), кој се состанал по обидот за преврат.

Ак исто бил судпендиран од Турските вооружени сили (ТСК), по сила на претседателскиот закон, кој беше објавен поради истата состојба.

Покрај ова, Министерството за образование суспендирало вкупно 2,400 наставници осомничени за поврзаност со организацијата на Ѓулен. Претходно беа суспендирани илјадници наставници.

Адил Оксуз, „имамот“ на ѓулениситчкото движење во Воздухопловните сили и осомничен лидер на обидот за пуч, ја посетил Анкара меѓу декември 2015 и јули 2016 година. Терминот „имам“, кој традиционално се однесува на јавна религиозна личност, е термин кој го користела организацијата на Ѓулен за обележување на локалнното водство.

Според истргата, Оксуз, кој бил накратко притворен пред да биде ослободен по обидот за пуч, ги крие имињата на луѓето со кои се сретнал во Анкара.