Гуливер: Летот Скопје-Софија ќе продолжи, некој прави политички пи-ар

од Nikola Popovski
283 прегледи

Не ги прекинуваме летовите од Софија за Скопје, изјавил за бугарски „24 часа“ првиот човек на авиопревозникот „Гуливер“ Јанко Иванов.

-Немаме спорови со државата за пари. Некој прави политички пи-ар, додал тој, пренесува бугарски „Днес“.

Според него, проблемот бил што се поправала пистата на аеродромот во Скопје.

-Се очекува тоа да заврши на 22-23 мај и бугарската авиокомпанија да ги добие потребните слотови (термини за поаѓање и слетување). Процес е и на промена на авионите кои сообраќаат до Скопје. Од нас не излегоа информации дека ги прекинуваме летовите, додал Иванов.

Слични содржини