Гурмански ручек: Полнето, луто свинско филе со компири

од desk2
279 прегледи

Кога еднаш ќе го пробате овој рецепт, ќе го правите постојано!

СОСТОЈКИ
500 гр свинско филе
250 гр домашни колбаси
100 гр листови кашкавал
малку сенф
2 лажици кисела павлака
2-3 лути феферони
3-4 кисели краставички
сол
бибер
масло
:
СОСТОЈКИ ЗА ПОЛНЕТИ КОМПИРИ:
5 средни компири
100 мл кисела павлака
листови магдонос
1 кисела краставичка
1 чешене лук
малку бибер
сол
масло
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Шницлите исчукајте ги помеѓу фолија. Месото посоелте го, побиберете, премачкајте со сенф и павлака. Наредете кашкавал како и свежи домашни колбаси. Ставете сечкани лути феферони, кисели краставичкли и свиткајте во ролна. Ставете во плех кој сте го обложиле со хартија.

Компирите згответе г во лушпа, не многу, па пресечете ги на половини и малку издлабете ги. Измешајте павлака, додајте сечкан магдонос, 1 кисела краставичка и 1 чешне лук. Малку побиберете, па со тоа наполнете ги компирите кои претходно малку сте ги посолиле. Од горе изрендајте малку кашкавал. Сѐ добро премачкајте со масло. Месото и компирите печете ги во загреана рерна на 200 степени околу 1,5 час во зависност од месото.

Напомена: Компирите можете да ги додадете половина час пред крајот на печењето на месото или со месото, но на почеток покријте ги со фолија.
Добар апетит!

Слични содржини