Гутереш во јули ќе присуствува на комеморацијата за 25-годишнината од масакрот во Сребреница

од Aleksandar Petrovski
179 прегледи

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш изјави во Њујорк дека во јули ќе присиствува на комеморацијата во Сребреница, кога ќе се одбележува 25-годишнината од злосторството.

-Да, ќе одам. Мислам дека е значајно да се отиде и да се покаже потребата Сребреница никогаш повеќе да не се повтори. Со загриженост ги гледаме случувањата во БиХ и мислиме дека мораме да тргнеме во правец на помирување и да се бориме против говорот на омраза, рече Гутереш одговарајќи на прашање на прес конференција во ОН, на која зборуваше за плановите за 2020 година.

Генералниот секретар на ОН наведе и дека неговата екипа веќе е во контакт со властите во БиХ во врска со органзиацијата на настанот.

Слични содржини