Гутереш за украинскиот напад врз Белгород: „Нападите врз цивили треба да бидат осудени“

од Stefanija Kuzmanovska
232 прегледи

Нападите врз цивили се кршење на меѓународното право и треба да бидат осудени и прекинати, соопшти канцеларијата на генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, во врска со украинскиот напад врз рускиот град Белгород.

„Нападите врз цивили и цивилна инфраструктура го прекршуваат меѓународното хуманитарно право, тие се неприфатливи и мора веднаш да бидат прекинати. И секако, треба да бидат осудени“, се вели во соопштението.

Состанокот на Советот за безбедност на Обединетите нации за украинските напади врз рускиот град Белгород ќе се одржи денеска во 16 часот.