Гувернерот на Њујорк: Ова е хаос

од Aleksandar Petrovski
169 прегледи

Гувернерот на државата Њујорк, Ендру Куомо, ја прозва американската федерална влада дека не презема никакви чекори за да спречи ширење на новиот коронавирус.

Државата Њујорк, како и неколку други држави, воведе мерки за граѓанска заштита. Заврането е собирање на повеќе од 50 лица на едно место, сите училишта се затворени и сите кина, фитнес центри и казина се затворени во 20 часот по локално време, додека угостителските објекти се ограничени само на услуги за испорака.

„Ова е национален проблем и ни треба федерална одлука. Во сите други земји, и не ми е грижа дали станува збор за Кина, Јужна Кореја или Италија, државната влада ја презема водечката улога затоа што тоа е национален проблем. Ни требаат чекори на федерално ниво а не секоја држава да прави што сака.Ова е хаос и го засилува чувството дека ситуацијата излегува од контрола. Нема никаква смисла секоја држава да одлучува сама за себе“, нагласи Куомо. Во таа американска држава има најмногу заразени – 950.

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера рече дека вирусот е многу опасен, но и дека е целосно под контрола.