Гужва и турканици утрово во автобусите на ЈСП: „А бре Македонче памет не ти доаѓа“ (фото)

од Берта Китинска
303 прегледи

„Фотографирано утрово, во автобус на ЈСП“ стои во описот под фотографијата која беше објавена на социјалните мрежи.

Граѓани реагираат  на преполните автобуси, во кои дел од луѓето се со заштитени со маски, но дел не.

„Под итон укинување на автобусите, скроз ама скроз, а компаниите да си организираат превоз за вработените“….„Точно и утрово во 50-ка беше бетер верувајте“…„Ова не е ништо сабајле во 6.30 во 9-ка не можеше вратата да се затвори на Џон Кенеди ова вака не го бива“..„На 5 m2 30 луѓе во автобус, a дремеме како будали пред маркети за да влеземе , надвор гужва…СРАМОТА“, „А бре Македонче памет не ти доаѓа“, се дел од коментарите на социјалните мрежи.

ЈСП веќе објави дека автобусите подлежат на редовна дезинфекција, како и дека ќе го редуцира возниот ред.

„Ве информираме дека јавниот превоз, автобусите на ЈСП Скопје и приватните превозници, продолжуваат да сообраќаат по саботен возен ред. Исклучок, се линиите 9, 19, 20 и 23 кои ќе возат по редуциран делничен возен ред. Одлуката е согласно препораките и мерките на Влада на РСМ во превенција од ширење на коронавирусот. Овој возен ред ќе важи во наредниот период, се до нови

Во Србија по регистрираните 149 случаи на заразени со вирусот Ковид-19, и прогласувањето на вонредна сосотојба укинат е и јавниот превоз.

 

Слични содржини