Гужви во подземниот паркинг на ГТЦ поради нефункционални автомати за наплата на паркинг

од Vladimir Zorba
87 прегледи

Граѓани кои денеска паркираа во подземниот паркинг на Градски трговски центар (ГТЦ) имаа мака да си заминат оттаму.

Како што известуваат за нашата редакција засегнати граѓани, автоматите за наплата на паркинг биле нефункционални, а работел само еден од нив, поради што се создала огромна колона.

Денеска службата за наплата не била присутна, каде може рачно да се наплати паркинг.

Откако се создал вистински хаос поради голем број на автомобили, наплатните рампи биле кренати и дел од нив си заминале бесплатно.

Фото: Фејсбук

Слични содржини