253
Колони возила утрово на станиците за технички преглед во државата, поради налепниците со ознака НМК. Во дел од нив има налепници, во некои сеуште немаат добиено, а дел веќе ги потрошиле.
Возачите треба да дојдат во станиците за технички преглед со сопственото возило каде ќе пополат барање, а со себе треба да понесат лична карта и сообраќајна дозвола.