Гвардиола: Достојни сме да играме во финалето, одиме на победа во Мадрид

од Vladimir Zorba

Манчестер Сити го победи Реал Мадрид со 4-3 во меч кој долго ќе се памети. Крајниот резултат врза уште повеќе интриги за тоа кој ќе се пласира во финалето на Лигата на шампионите. Менаџерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола изјави дека е многу задоволен од играта на неговиот тим, но и оддаде почит на противникот.

„Двете екипи одиграа фантастичен натпревар. Многу работи направивме совршено. За жал, не успеавме да постигнеме повеќе голови, но примивме три. Реваншот е за една недела и ништо не е јасно. Реал Мадрид е исклучително силен тим и мораме да им признаеме. Пред паузата им помогнавме да се вратат во мечот со нашите грешки и тоа не направи нервозни. Ни отежна и противничкиот пресинг“, изјави Гвардиола.

„Ќе одиме во Мадрид со идеја повторно да победиме. Испаднавме од Лигата на шампионите по играње со рака на Фернандо Љоренте од Тотенхем, а денеска Лапорт изведе пенал со рака. Се случува. Важно е да го покажеме фудбалот за кој сме способни. Не можам да барам повеќе од момчињата. Сега најважно е да се одмориме и да се опоравиме за мечот со Лидс“, продолжи каталонскиот стручњак.

„Двете екипи се обидуваа да нападнат. Фудбалот е неверојатен спектакл. Честитки за Карло Анчелоти и неговиот тим, тие се многу добри. Сепак, убедени сме и дека имаме се што ни е потребно за да стигнеме до финалето“, додаде Гвардиола.

Слични содржини