Гвардиола го сака Де Роси во Сити

од Vlatko K
124 прегледи

Шампионот на Англија, Манчестер Сити ќе му понуди договор на легендата на Рома Даниеле Де
Роси, за да може познатиот италијански фудбалер да стане дел од штабот на Пеп Гвардиола во
следната сезона.

Де Роси одигра повеќе од 600 натпревари за Рома во својата голема кариера, но го напушти
италијанскиот тим на слободен трансфер по крајот на оваа сезона. Фудбалерот се уште не донел
конечна одлука дали ќе стави крај на својата фудбалска кариера.

Италијанскиот весник „Calciomercato“ пишува дека во Сити веруваат дека 36-годишниот фудбалер
може да ги закачи копачките „на клинец“ и да биде земен во тренерскиот штаб на Гвардиола.
Де Роси беше неколкупати поврзуван сериозно со трансфер во Премиер лигата, но до таков не
дојде во текот на неговата кариера.