Гвардиола откри како го гледа Хaланд во својот тим

од Vladimir Zorba

Многумина веќе со нетрпение очекуваат да видат како ќе настапи Ерлинг Хaланд со тимот на Манчестер Сити. Шампионот на Англија веќе го најави претстојниот ангажман на напаѓачот на Борусија (Дортмунд), кој е познат по своите голови.

„Честитки до клубот за потписот со овој играч во наредните години“, изјави менаџерот Пеп Гвардиола. „Ерлинг е млад и талентиран играч и многу сум среќен што доаѓа овде. Тој дефинитивно може да ни помогне со многу голови“.

Тренерот потоа објасни како го замислува Норвежанецот во својот тим: „Не само Халанд да постигнува повеќе голови. Важно е да победуваме во натпреварите. Тој постигна многу голови во кариерата и ќе се обидеме да му помогнеме да го прави тоа и за нас. Но, во никој случај одговорноста за постигнување голови нема да падне само на него. Треба да ги добиваме нашите мечеви, а сите се одговорни за тоа. Никогаш не замислував дека нашата игра во одбраната зависи само од централните дефанзивци и не мислам дека головите се задача само на напаѓачите. Ако секој даде и ги направи работите на најдобар можен начин, веруваме дека со класата што ја има Халанд, ќе можеме да ги добиеме натпреварите“.

Слични содржини