Гвардиола по ремито со Кристал Палас: Во фудбалот нема среќа

од Vladimir Zorba

Со ремито 0-0 на гостувањето кај Кристал Палас, Манчестер Сити од удобната ситуација во борбата за титулата во Англија премина во состојба во која мора да го следи секој чекор, но и внимателно да следи што се случува зад неговиот грб. Ливерпул со дуел помалку е на -4 во однос на момчињата на Пеп Гвардиола, што значи дека трката за титулата повторно е отворена.

Жоао Кансело и Кевин Де Бруин ја погодија рамката од голот во меч во кој Сити беше поблиску до победата, а Кристал Палас уште еднаш се покажа фатален за неговите амбиции. Во првиот дел од сезоната, тимот на Пеп губеше со 0:2 на Етихад од тој тим, а овие 0:0 му послужија на Гвардиола да го пофали противникот, но и неговиот тим.

„Моите играчи направија се што е потребно за да победат. Одигравме многу, многу добар натпревар на тешко гостување против фантастичен тим кој добро се брани. Фудбалот е единствениот натпревар каде статистиката не значи ништо. Ако не постигнеш гол, нема да победиш. Во фудбалот нема среќа. Требаше да постигнеме гол и не успеавме“, рече Гвардиола, па се насочи кон борбата за титулата со Ливерпул.

„Ни претстојат девет натпревари, тоа се многу бодови. Играме повеќе од добро, но загубивме два бода на овој натпревар. Имаме предност, одигравме еден натпревар повеќе и на одмор ќе одиме како водечки тим. Сепак, кој знае што ќе биде“.

Слични содржини