Гвардиола се сретнал со Раул пред денешното полуфинале со Реал

од Vladimir Zorba

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола се сретнал со легендата на Реал Мадрид, Раул Гонзалес Бланко неколку дена пред првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите.

51-годишниот Гвардиола, кој е поранешен тренер на Барселона, и неговиот сонародник Раул, кој сега го води вториот тим на Реал, одржувале добри односи уште од времето како фудбалери и вечерале заедно во Манчестер, пренесува шпанскиот весникот „Марка“.

44-годишниот поранешен капитен на Мадрид беше поврзуван и со тренерското место во првиот тим на Реал пред доаѓањето на Италијанецот Карло Анчелоти.

Манчестер Сити вечерва во Англија го пречекува Реал Мадрид, а реваншот се игра на 4 мај во Шпанија.

Слични содржини