274
Манчестер Сити го победи Арсенал со 3:0 во финалето на Лига Купот.
На овој начин, „граѓаните“ успеаја да го освојат својот петти трофеј на турнирот.
Ова е првиот трофеј на Пеп Гвардиола на чело на Сити.
Средбата меѓу двата тима се одигра на “Вембли”, а Агуеро отвори за симболичните гости во 18-та минута.
Во 58. минута, Компани удвои, а седум минути подоцна, Силва го формираше конечниот резултат.
Мошне интересно е да се напомене дека пред овој натпревар двата тима се немаа сретнато еден против друг во битка за голем трофеј, откако исклучок прави само „Комјунити Шилд“.