Откако на доделувањето на Греми наградите се појави со партнерот Блејк Шелтон, Гвен Стефани се најде на удар на критики на обожавателите кои тврдат дека пејачката претерала со пластичните операции.
„О мој боже, што направила со своето лице? Пластичната операција тргна наопаку“, „Хеј, Гвен Стефани, престани со пластичните операции на своето (некогаш) прекрасно лице. Почнуваш да изгледашш фејк како Мадона“, „Лицето на Гвен Стефани е 99% филери и 1% кожа“, „Што се случува со лицето на Гвен Стефани?“, „Нејзиното лице изгледа толку затегнато што имаш чувство дека ја боли“, беа само дел од коментарите на Твитер.
Гвен Стефани ги привлече погледите на црвениот тепих со фустанот Dolce&Gabanna кој го искомбинирала со високи чизми, а беше прогласена и за едно од најубавите облечени на овогодинешните Греми.
Инаку, Гвен Стефани денес има 50 години.