Гвинет Палтроу доби обвинение дека скршила ребра на старец

од Vladimir Zorba
101 прегледи

Против актерката Гвинет Палтроу е поднесена тужба под обвинение дека ги скршила ребрата на маж, откако го удрила во грбот додека скијака во одморалиште во Јута во 2016 година, соопштија американските медиуми.

72-годишниот пензиониран специјалист по оптометриja Тери Сандерсoн изјави на прес-конференција во Солт Лејк Сити, дека чул трескавичен крик и потоа бил турнат во грбoт во одморалиштето “Диaр вали” на 26 февруари 2016 година

Тој се сеќава дека тој полетал напред и паднал на земја пред да ја изгуби свеста. Сведок на инцидентот потврди дека видел дека Палтроу го удрила човекот во грбот.

Гвинет ги отфрли обвинувањата преку нејзината портпаролка Хедер Вилсон, која во и-мејл истакна дека тие се неосновани.

Сандерсoн тврди дека 46-годишната актерка го оставила повреден во планината и не побарала помош за него. Ски инструкторот кој скијал заедно со Палтроу, семејството нејзино и нејзините пријатели велат дека го виделе овој инцидент, уверувајќи дека таа не го предизвикала падот.

Меѓу позначајните филмови во кои беше снимена Гвинет Палтроу се  “Заљубениот Шекспир” и “Железниот човек”.