Германските компании и јавните институции треба да го ограничат греењето на нивните канцеларии на 19 степени Целзиусови, со цел земјата да ја намали потрошувачката на природен гас, изјави германскиот министер за економија Роберт Хабек.
Германија, најголемата економија во Европската унија и најголемиот увозник на руски гас, се обидува да ја намали зависноста од природниот гас од Русија како одговор на нападот на Москва врз Украина.
Русија веќе го прекина извозот на гас за неколку земји од ЕУ, а властите стравуваат дека Москва ќе го користи извозот на гас како политички притисок за да ги принуди земјите да ги намалат санкциите што и се воведени.
Министерот Хабек рече дека иако 27-те земји на ЕУ ветија дека ќе ја намалат употребата на гас за 15 отсто од август во споредба со претходниот петгодишен просек, Германија треба да ја намали потрошувачката за 20 отсто.
Хабек предлага и забрана за греење на некомерцијалните приватни базени, исклучување на греењето во заедничките простории на јавните згради и исклучување на светлата на јавните билборди во периодот од 22 до 6 часот наутро.