Германската манекенка Хајди Клум на почетокот на годината преку социјалните мрежи сооптши дека нејзиниот дечко Том Каулиц ја запросил.

Нивната врска, што ја обелоденија во мај минатата година, особено ја интригира јавноста бидејќи избраникот на 45-годишната убавица е 16 години помлад од неа.
Хајди е мајка на четири деца – Хелена (15), Хенри (14), Јохан (12) и Лу (9) – и вели дека нејзините деца одвај чекаат да се омажи за Том бидејќи го обожаваат нивниот иден очув.
„Децата го обожаваат Том. Не можат да дочекаат до свадбата. Ќе бидат вклучени во свеченоста“, изјави Хајди за магазинот Closer.

Двојката се сврши само девет месеци од почетокот на врската, а Хајди објаснува дека со него сѐ ѝ е различно.
„Се запознавме во февруари, 2018 година и да бидам искрена, ќе се омажев за него уште наредниот ден“, вели таа.
„Бев изненадена кога ме запроси, но некако чувствував дека тоа ќе се случи бидејќи веднаш ‘кликнавме’“, објаснува таа.
Манекенката и 29-годишниот музичар се запознаа на снимањето на емисијата Germany’s Next Top Model.
За венчавката, таа неодамна изјави: „Двајцата сме Германци, сѐ ќе биде организирано навреме.“
Хајди беше во брак со Рик Пипино од 1997 до 2002 година и со пејачот Сил од 2005 до 2014 година. Ќерката ѝ е од врската со Флавио Бријаторе, со кого раскина набрзо откако дозна дека е бремена. Другите три деца се од бракот со Сил.