Хајли Бибер ги отфрли гласините за бременоста

И додека нас „обичните смртници“ никој не не вознемирува околу килограмите за време на празниците, славните сами како Хајли Бибер мораат веднаш да ги замолкнуваат гласините за бременоста.

Имено, како што пренесува Е!, на интернетот се нашла една фотографија на која манекенката се држи за стомакот со раката за време на прославата на Денот на благодарност. Со оваа фотографија се појавиле гласините за нејзината бременост.

Откако добила безброј пораки и комнтари со прашања за бременоста, Хејли одлучила јавно да ги негира гласините.

„Интернетот е смешен! Не, не сум бремена, само навистина сакам храна!“, напишала манекенката на своите кратки видеа на Инстаграм.

https://www.instagram.com/p/B5bvNfMFvP6/

Инаку, Џастин и Хејли пред само неколку месеци се венчаа па ваквите прашања никого не изненадуваат, а позитивниот одговор го очекува дури и мајката на Џастин која на фотографијата на Хејли одговорила: „Наското? Не можам да дочекам, не ме зезајте“

Слични содржини