Хајредини: Логично е на Заев да му се допадне идејата, ДУИ да предложи Македонец за градоначалник во Тетово

од Берта Китинска
398 прегледи

Поранешениот  министер за финансии и политички аналитичар, Џевдет Хајредини вели дека најавеното изненадување на ДУИ за кое се зборува, е  вест со која сака да се создаде димна завеса  за да не се разговара за главните проблеми.

-Шпекулациите излегоа, станува збор за кандидирање на градоначалник на Скопје, Албанец. Мене ме чуди и не можам да ја разберам изјавата на Заев: „Мене ме бендисува тоа што вака се размислува во највисоките тела на ДУИ.“ Јас разбирам идејата ако е кандида од кадрите на ДУИ да им се допаѓа на нив, ако за тоа се сложува СДСМ, би било логично на Заев да му се бендиса идеја каде ДУИ ќе излезе и рече дека во Тетово ќе кандидира Македонец или член на СДСМ за градоначалник.Ваквите работи се лансираат се со цел да се создаде една димна завеса и да не се зборува за главните проблеми, не дали градоначалник ќе биде Македонец или Албанец, туку само да се прикрие податокот дека Заев би ги поддржил сите кандидати на ДУИ, кои пред 4 години ги нотираше како корумпирани личности, вели Хајредини во Утрински брифинг додавајќи дека целта е да не се разговара за квалитетот на кандидатите.

Слични содржини