Хакерски напад врз 50 милиони Facebook сметки, не е јасно дали има украдени лични податоци на корисниците

од Vlatko K
99 прегледи

Се уште не е јасно дали се украдени личните податоци на корисниците на социјалната мрежа Facebook, погодени од вчерашниот хакерски напад, соопштуваат од самата компанија во порака до своите корисници.

„На 25 септември 2018 година откривме напад со кој се украдени Facebook токени за влез во профилите. Овие токени се еквивалент на дигитална врска со клучови, која хакерите можат да ја користат за да ги преземат профилите на другите луѓе“, посочуваат од компанијата во официјалното соопштение до погодените.

Во овој момент, сè уште е нејасно дали личните податоци на корисниците се компромитирани, но компанијата работи на отстранување на пробивот.

„Не морате да ги менувате вашите лозинки“, соопшти компанијата.

Профилите на 50 милиони корисници се засегнати од нападот.