Хакерски напад врз Фајзер: Северна Кореја се обидела да дојде до технологијата за правење вакцини

од Stefanija Kuzmanovska
286 прегледи

Северна Кореја се обиде да добие податоци за технологијата на вакцини против ковид-19 со хакерски напад врз американската компанија „Фајзер“, објави новинската агенција Јонхап, повикувајќи се на јужнокорејската национална разузнавачка служба (НИС), пренесува „Ројтерс“.

Уште во ноември, компанијата „Мајкрософт“ објави дека регистрирала обиди на Северна Кореја и други хакери, кои ги поддржуваат државните структури, да украдат вредни податоци од водечките фармацевтски компании и истражувачи кои работат на развој на вакцините против ковид-19.

Слични содржини