Хакими пред реваншот со Арсенал: Ќе биде посебна ноќ во Париз

од Vladimir Zorba
26 прегледи

Играчот од средниот ред на Пари Сен Жермен, Ашраф Хакими, изјави дека реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите против Арсенал ќе биде „специјална вечер за сите Парижани“.

„Светците“ славеа во Лондон во првиот натпревар со минимален резултат, па реваншот се очекува со големо нетрпение.

„Тимот се чувствува одлично, едвај чекаме да започне натпреварот. Сакаме да им покажеме на Парижаните што можеме да направиме и да се пласираме во финалето. Ова е еден од највозбудливите натпревари, со оглед на неговото ниво, важноста за клубот и целта – освојување на Лигата на шампионите. Сега сме на еден чекор од финалето“, рече Хакими.

Зборувајќи за искуството од минатата сезона, кога ПСЖ беше елиминиран во полуфиналето од Дортмунд, мароканскиот фудбалер смета дека ситуацијата сега е поинаква.

„Владее смиреност. Минатата година игравме во полуфиналето и ги научивме нашите лекции – знаеме што направивме добро, а што не. Ќе биде посебна вечер за сите Парижани, и на стадионот и надвор од него – сите ќе бидат со нас. Заслуживме место во финалето по сè што направивме оваа година, а и навивачите го заслужуваат тоа. Се надеваме дека ќе им го дадеме тоа утре“, заклучи Хакими.

Слични содржини