Халили: Членството на Финска и Шведска во НАТО е поради страв

од Nikola Popovski
312 прегледи

Дипломатот и поранешен амбасадор Мухамед Халили смета дека барањатана Финска и Шведска за влез во НАТО не се провокација.

-Светот живее во паника, Европа нема да како да ја надмине кризата и досега преку дипломатски пат е безуспешно. Постои страв меѓу земјите членки на ЕУ, дека би можело да се рашири војната во многу послаби земји на воен план, пред се поранешните советски републики, но и земјите кои се граничат со Русија. Таа во последните години врши тајни истражувања под море накај границата со Финска и тоа мислам дека НАТО, а посебно САД, се загрижени за овој воен продор. Евентуалното одбегнување на оваа криза би можело да биде членувањето на Финска и Шведска во НАТО, додава Халили.

Според него, земјите кои веќе поднесуваат апликации до НАТО, се уплашени од евентуална агресија.

-Сметаат дека најдобар чадор за обезбедување на нивните земји е членството во НАТО. Од другата страна, го чувствуваат НАТО за закана, затоа што веќе Русија сакајќи да го одбегне НАТО од пред своите граници, со овој потег, НАТО е на самата граница на Русија, посочува Халили во гостувањето на емисијата „Топ тема“.

Слични содржини