Халили: Мицкоски ќе изгуби многу гласови на наредните избори поради прифаќањето на „Северна“

од Nikola Popovski
2,9K прегледи

Добро е за државата, а лошо е за ВМРО-ДПМНЕ. Веќе на наредните парламентарни избори, тие граѓани ќе му кажат на Мицкоски нема да гласаме за тебе затоа што имавме различна слика пред локалните избори, смета поранешниот амбасадор, Мухамед Халили во однос на изјавите на лидерот на најголемата опозициска партија, Христијан Мицкоски дека името „Северна Македонија“ е реалност.

Според Халили, градоначалниците на ВМРО-ДПМНР направија тешка грешка со свечените изјави со Република Македонија.

-Ние сме должни да го почитуваме Преспанскиот договор и секое понатамошно поигрување со името на државата ќе придонесе до последици. ВМРО-ДПМНЕ е оштетена со овие изјави. Тоа е лоша работа за државата, вели Халили во емисијата „24 анализа“.

Слични содржини