Халили: Вучиќ е проруски настроен и го убеди Балканот дека спасот е кај него

од Nikola Popovski
314 прегледи

Во Србија прорускиот наратив е очигледен, бидејќи самиот српски претседател е таков. Вучиќ и Орбан не ги поддржаа санкциите кон Русија, не ја нарекувааа „агресија“ инвазијата на Русија во Украина и сакаа да задржат неутрален став. Друг проруски наратив во Србија мислам дека нема, ако ги оставиме на страна идеите на Шешељ, вели претседател на Советот на амбасадори, Мухамед Халили во емисијата „24 анализа“.

Според него, Вучиќ веќе создал инфраструктура во земјата.

-Може да командува, може да диригира, тој како апсолут се однесува таму. Вучиќ го измисли Отворен Балкан, донираше вакцини преку политиката на Кина и Русија и ги убеди не само неговите граѓани, туку и целиот Балкан, дека спасот е кај него. Тој се фали дека Србија ќе го храни целиот Балкан и се солидариза со малите народи, не знаејќи дека притисокот за продажба на пченица доаѓаше од српските фармери. Ако остане старата жетва непродадена, како ќе биде пласманот на новата жетва. Со тоа Вучиќ доби доста поени кај гласачкото тело, рече Халили.

Слични содржини