Халими Аден – првиот модел кој носи хиџаб

од Vladimir Zorba
103 прегледи

Американците се заљубени во Халими Аден – првиот модел кој носи хиџаб секогаш. Убавицата неодамна потпиша договор со најголемата модна агенција IMG и веќе добива топ ангажмани.

Пред неколку дена таа учествува во модна ревија на Кание Вест – Yeezy! 5 во рамките на модната недела во Њујорк.

Муслиманската убавица очигледно ќе го менува лицето на модата. Според многу луѓе таа е посекси од Бела и Џиџи Адид земени заедно.

За неа се знае дека има 19 години и дека живее во Минесота, иако е родена во бегалски камп во Кенија и таму живеела до 6-годишна возраст.

Убавицата со полни  усни направи сензација кога се појави на натпреварот “Мис Минесота САД” со својот хиџаб. Наместо бикини, таа носеше Буркина.

Yeezy! 5; Фото: Instagram

Инспиративната Аден е одличен студент на Универзитетот во Минеаполис и се надева еден ден ќе стане амбасадор на ОН.

Аден веќе беше избрана и од модниот гуру Карин Ројтфелд да се снима во последното издание на CR Fashion Book што е големо признание.