Хамас ги држи жените и деца заложници во кафези? Се шират морничави тврдења, но и едно писмо

од Stefanija Kuzmanovska

Израелските медиуми, повикувајќи се на изјавата на член на Форумот на заложници и исчезнати семејства, тврдат дека жените кои биле киднапирани од израелска територија и однесени од Хамас како заложници во Газа, биле чувани во кафези, пишува Jerusalem Post.

Овие тврдења не можеше самостојно да се потврдат, а потсетуваме дека претходно беа објавени видеа на кои се гледаат деца во кафези, кои се покажаа дека се лажни.

Иако кружат информации дека заложниците биле држени во нехумани услови, од друга страна има и благодарници кои некои од заложниците наводно ги испратиле откако биле ослободени.

Писмо за благодарност до Хамас

Во понеделникот, Хамас сподели писмо наводно напишано од Даниел Алони, која бил киднапиран заедно со својата петгодишна ќерка Емилија. Во писмото, напишано на хебрејски и преведено на арапски, таа наводно му се заблагодарува на Хамас за „извонредната хуманост“ дадена на нејзината ќерка, која „се чувствувала како кралица“.

Во писмото, исто така, се вели:

„Засекогаш ќе бидам заробеник на љубовта бидејќи Емилија не замина оттука со психичка траума“.

Семејството Алони не го потврди ова писмо или изјавите дадени во него, иако Хамас нашироко го циркулираше на социјалните мрежи.

Ова писмо е едно од многуте што заложниците биле принудени да ги напишат, наведоа израелските медиуми.

Преживеаните рекоа дека им била дадена ограничена количина храна додека биле држени како заложници, без јасни извештаи за физичко малтретирање или тортура. Од малите оброци што им ги давале – во најдобар случај ориз и пити – заложниците честопати биле оставани сами да си готват храна, а децата останувале со нив. Тие истакнале и дека во последните две недели залихите биле при крај.

Слични содржини