Хамас го гаѓаше аеродромот во Тел Авив и јужниот град Сдерот

од Stefanija Kuzmanovska
270 прегледи

Неколку минути пред почетокот на молитвата во Ерусалим се слушнала силна експлозија, јавува Си-Ен-Ен. Според американската телевизија, чад може да се види над Лавската капија, еден од неколкуте влезови во Стариот град.

Израелските власти го затворија патот што води до портата и го ограничуваат влезот во Стариот град. Пристапот до комплексот Ал Акса е исто така ограничен и до него можат да пристапат само луѓе постари од 60 години.

Си-Ен-Ен забележува дека ограничувањето на пристапот до џамијата Ал Акса, третото најсвето место за муслиманите, е контроверзен потег што може да се гледа како провокација. Палестинците кои живеат на Западниот Брег со денови не смеат да влезат во Стариот град.

Хамас: Го гаѓавме аеродромот во Тел Авив и јужниот град Сдерот

Палестинската милитантна група Хамас денеска соопшти дека истрелала ракети врз меѓународниот аеродром Бен Гурион во Тел Авив и градот Сдерот, во јужен Израел. Како што наведува Хамас во соопштението, кон Сдерот биле истрелани 50 ракети, пренесува Си-Ен-Ен.

Хамас изјави дека гаѓала и израелски војници во Кфар Сад со два дрона кои носеле експлозив. Според општинските власти во Сдерот, седум ракети паднале врз градот за време на последниот бараж, од кои пет директно ги погодиле нивните цели, додава „Тајмс оф Израел“.

Засега нема информации за повредени.

Слични содржини