Хамас ја презеде одговорноста за пукањето на автобуската станица во Ерусалим утринава, во кое беа убиени три лица. Бројот на ранети се искачи на 16.
Во изјавата на Телеграм, Хамас го пофали своето воено крило, Бригадите Ал Касам, за, како што ја нарече, „херојска операција во Ерусалим“.
Напаѓачите се именувани како Мурад Мухамед Нимр (38) и Ибрахим Мухамед Нимр (30).
Израелската полиција претходно соопшти дека двајцата напаѓачи биле убиени на лице место.
„Потврдуваме дека оваа операција дојде како природен одговор на окупаторските злосторствата без преседан, вклучително и бруталните масакри во Појасот Газа и убиствата на децата во Џенин, како и широко распространетите прекршувања на кои се изложени нашите затвореници во окупациските затвори“, се вели во соопштението на Хамас.
Хамас ги повтори своите повици за „ескалација на отпорот“.