Американскиот претседател Џозеф Бајден падна на наративот на Израел, а САД се „виновниците во војната против народот на Палестина“, изјави денеска портпаролот на Хамас, Хазем Касем.
Тој додаде дека односот на САД кон палестинскиот народ е „агресивен“ и дека најавената посета на Бајден на Израел има за цел да обезбеди финансиска и морална поддршка на Израел, како и да го охрабри „да изврши повеќе масакри врз Палестинците“, наведува Си-Ен-Ен. .
„За жал, американската администрација и претседателот Бајден презедоа многу агресивна мерка против палестинскиот народ и паднаа на наративот на Израел. Неговата посета служи само за финансиска и морална поддршка на Израелците и за поттикнување на окупацијата и повеќе масакри на нашите палестински браќа, сестри, деца и постари лица“, рече Касем.