230
Аеродромот во Хамбург, Германија, денеска на својата веб-страница објави дека ги запрел полетувањата или слетувањата на авионите поради полициски мерки.
Германската новинска агенција објави изјава на портпаролот на аеродромот дека летовите се во прекин поради закана за напад на авион од иранската престолнина Техеран, пренесе „Ројтерс“.
#BREAKING : All flights at Germany's Hamburg Airport are suspended due to a threat of an attack on an aircraft from the Iranian capital Tehran, an airport spokeswoman tells dpa. pic.twitter.com/DsqJcDJkAb
— dpa news agency (@dpa_intl) October 9, 2023
Портпаролот на аеродромот не ја коментираше заканата, пренесува Танјуг.