Хамес може и да не дојде, призна Анчелоти

од Vlatko K
112 прегледи

Наполи загуби 1:2 од Беневенто на првата контролна средба од пресезонската подготовка на
тимот. Кајехон го постигна единствениот гол за неаполитанците против тимот предводен од
Филипо Инзаги. Целосниот пресврт дојде по големата грешка на Никола Максимовиќ, а по мечот,
повеќето од прашањата за Карло Анчелоти беа поврзани со привлекувањето на Костас Манолас и
очекуваното на Хамес Родригез.


„Манолас е силен и брз дефанзивец кој ќе биде неверојатен заедно со Калиду Кулибали. Тие ќе ни
дозволат да играме поагресивно и да бидеме ја изнесуваме топката на половина од противниците.

Системот? Во одбрана ќе дејствуваме со 4-4-2, а кога ќе напаѓаме, еден од бековите ќе биде во
движење. Фаузи Гулам обично ќе биде оној што ќе помога вопредните позиции, додека Елсеид
Хисаи ќе внимава во својата зона“, рече Анчелоти.

„Хамес може да игра на сите позиции зад напаѓачот. Тој е број 10, но тој исто така може да се
справи на крило, со влегување во центарот. Оваа недела му испратив порака и му го честитав
неговиот роденден. Има преговори со Реал Мадрид, но тие ќе траат долго. Ние не сме притиснати