
Петкратниот светски шампион во пракса победи на трката уште на почетокот, кога го претекна клубскиот колега Валтери Ботас на првиот свиок и потоа го контролираше темпото до финалето.
Генерално викендот не почна на најдобар за Британецот, но најважно за него е дека заврши на најдобар можен начин.
– Тоа не беше мојот најубедлив викенд. Не знаевме каде ќе бидеме во однос Ферари, кога стигнавме во Кина. Валтери беше брз изминативе денови, а да освоиме двојна победа во Гран при број 1.000 навистина е нешто посебно. На почетокот го направив најважното, останатото е историја. Фантастичен резултат за тимот, сите работеа многу напорно. Огромна благодарност до навивачите, многу сум среќен, изјави Луис по трката.