146
Луис Хамилтон го даде најдоброто време во втората слободна тренинг сесија во Сочи и заедно со Валтери Ботас го предводеше Мерцедес на врвот.
За разлика од утринските часови, кога тимот се потпре на најбавните викенд-гуми за време на викендот – софт – попладнево, тие ги поставија хиперсофт и се искачија на чело на табелата.
Трети и четврти завршија пилотите на Ред бул – Макс Верстатен и Даниел Рикардо.
Конкурентот на Хамилтон за титулата, Себастијан Фетел беше петти со повеќе од половина секунда зад Луис. Германецот беше очигледно под притисок, откако дозволи и едно вртење на патеката.
Неговиот тимски колега Кими Раиконен не успеа да се симне под 1 минута и 34 секунди и остана на шестото место.