Хамилтон најбрз на првата тренинг-сесија во Јапонија

од Vlatko K
102 прегледи

Лидерот во светскиот шампионат во Формула 1, Луис Хамилтон беше најбрз во првата тренинг сесија пред Големата награда на Јапонија. Британецот доминираше на трасата долга 5,8 километри и даде време 1 минута, 28,691 секунди.

Тимскиот колега на Хамилтон, Валтери Ботас, остана на второ место со задоцнување од 0,446 секунди, постигнувајќи го резултатот со експериментални средно меки гуми.

Себастијан Фетел од Ферари, кој заостанува 50 поени во борбата за титулата, денес беше петти. Трето место беше за Даниел Рикардо од Ред Бул, а по него следеше Кими Раикионен од Ферари