Луис Хамилтон по петочниот тренинг пред трката за ГН на Јапонија призна дека тимот на Ферари не бил најбрз на Сузука денес, но Британецот верува дека Скудерија нашла добра база од која може да се надгради.
Седумкратниот шампион денеска даде две четврти места денес, но во двата тренинзи забележа прилично сериозно заостанување. Во првата сесија заостануваше 0,502 зад Ландо Норис, а во втората беше 0,413 побавен од Оскар Пјастри. Сепак, Хамилтон беше задоволен од сработеното денеска и додаде дека ја завршил целата програма и покрај четирите црвени знамиња на вториот тренинг.
„Беше многу убав ден. Патеката е неверојатна. Сесиите поминаа добро. Беше загрижувачко да се види падот во првиот свиок, мило ми е што тој (Џек Дуан) е добро. Беше доста жешко, имаше контра-ветер, но се чувствувавме добро. Ја поминавме целата програма. Имаме уште темпо за отклучување. Не сме најбрзи, но мислам дека имаме добра основа“, прокоментира Хамилтон.