Исклучително среќниот од првото место во квалификациите пред Гран При на Австралија, Луис
Хамилтон призна дека тимот немал идеја на какво ниво ќе биде во Мелбурн, но она што го видел
дефинитивно го радува.
„Треперам, беа многу мали разликите. Одлична работа на организаторите, благодарам на
навивачите за атмосферата која ја создадоа. Немавме идеја на какво ниво сме по зимата,
работевме многу, за да го постигнеме овој резултат. Добар резултат за Валтери, кој беше многу
блиску“, изјави Британецот веднаш по квалификациите на „Мелбурн парк“.
Хамилтон призна дека не го знаел фактот дека со овој успех се изедначува по пол-позиции на оваа
патека со Михаел Шумахер и Аиртон Сена.
„Моето семејство е тука, немаше да дојде до ситуацијата во која сум во моментов, ако ја немав
нивната поддршка“, додаде Хамилтон.