Хамилтон незадоволен од Ферари: „Првите трки обележани со тимски грешки и лоша состојба на болидот“

од Vladimir Zorba
50 прегледи

Луис Хамилтон немаше одличен почеток на соработката со Ферари. Со исклучок на победата во спринт во Кина, за седумкратниот светски шампион досега се беше вредно за заборав.

Британецот ја заврши трката за Големата награда на Јапонија на седмото место и со тоа го продолжи лошиот старт на сезоната на италијанскиот тим.

На отворањето на сезоната во Австралија, англискиот возач беше десетти, а во Кина беше дисквалификуван откако инспекцијата покажа дека неговиот болид не одговара на дадените пропорции.

Ферари ја направи истата грешка во болидот на својот втор возач, Шарл Леклер, кој беше осми во Мелбурн и четврти во Јапонија.

Седумкратниот шампион не го криеше незадоволството по слабите резултати.

„Првите три трки беа обележани со тимски грешки и лоша состојба на болидот. Не сум на највисоко ниво, но давам се што можам со тоа што го имам. Одев најбрзо што можев, но болидот едноставно не е доволно брз. Се надевам дека ќе бидеме поконкурентни во остатокот од сезоната”, изјави Хамилтон.

Следната трка ќе се вози во Бахреин следниот викенд.

Слични содржини