Инстинктот го навел Луис Хамилтон да потпише со Ферари, изјави најуспешниот возач на Формула 1 за „Линкедин“ во четвртокот, на почетокот на неговиот обид да ја врати славата на најуспешниот тим во мотоспортот.
Хамилтон го имаше своето деби на патеката Фиорано во средата, речиси една година откако ја објави својата шокантна одлука да го напушти Мерцедес, каде што освои шест од неговите седум светски шампионати.
„На крајот на краиштата, секоја нова можност е изградена врз верата. Никој од нас не може да ја предвиди иднината, така што менувањето на работните места, или во мојот случај, промената на тимовите, секогаш ќе вклучува одредено ниво на ризик. Но, верувам дека постои поголем ризик да останеш некаде каде што не ти е удобно и да се залажуваш“, рече Хамилтон во интервју за билтенот на LinkedIn.
40-годишниот Британец го заврши своето прво тест возење за италијанскиот тим, кој нема освоено светска титула во возачи од 2007 година.
„Наречете го тоа инстинкт или чувство, но знаев дека потпишувањето со Ферари е вистинскиот потег за мене и дека ќе ми го даде предизвикот што ми требаше. Има толку многу неверојатни луѓе во тимот со кои едвај чекам да работам и целосно сум уверен сум дека ќе постигнеме големи работи заедно“, рече Хамилтон.
Сезоната во Формула 1 започнува со Големата награда на Австралија од 14 до 16 март.