Потпишувањето на Луис Хамилтон за Ферари предизвика голема врева во Формула 1. Иако неговата кариера во легендарните црвени болиди можеби не започна онака како што се надеваше, најуспешниот возач на сите времиња сега е на насловните страници за неговата амбиција да почне да работи на развој на патничко Ферари кое би го добило името по неговиот тркачки број – F4. Името би било и еден вид почит на легендарниот F40.
„Една од работите што навистина сакам да ја направам е да дизајнирам Ферари. Сакам да направам F44“, откри Хамилтон. „Основен F40, со рачен менувач. Тоа е она на што ќе работам во следните неколку години“.
F40 има легендарно место во автомобилската историја. Тоа беше последното Ферари што беше лично одобрено од покојниот Енцо Ферари пред да почине во 1988 година, и беше лансиран за 40-годишнината на марката за да го замени 288. Тоа беше еден од првите вистински суперавтомобили, модел кој поттикна органски однос меѓу човекот и машината, и тоа е она што Луис Хамилтон сака да го пресоздаде со својот F44, пишува „Јутарњи“.
Хамилтон не е тој што одлучува за идните производи на најпознатиот светски производител на спортски автомобили, но Ферари тешко дека ќе може едноставно да ги отфрли желбите и идеите на најуспешниот на сите времиња. И така може да се роди неочекувана соработка која може да резултира со неверојатен автомобил.