Хамилтон: Трансферот во Ферари беше тајна дури и за најблиските

од Vladimir Zorba
212 прегледи

Седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон откри дека до последен момент го криел својот спектакуларен трансфер во тимот на Ферари од најблиските.

Во 2025 година, Британецот официјално ќе се пресели од Мерцедес во редовите на големиот ривал Ферари. Луис зборуваше за сето тоа во подкастот Ф1 на БиБиСи: Назад во базата.

„Никому не кажав за Ферари. Не им кажав на моите родители до денот кога беше објавено. Така, никој не знаеше“, вели Хамилтон. „Навистина сакав да го направам тоа за себе. Чувствував дека морам да откријам што ќе биде најдобро за мене“.

Поранешниот шампион во Формула 1 објасни како течеле преговорите со директорот на Ферари, Фред Васер.

„Сè се случи многу брзо, го познавам Фред Васер веќе некое време. Што се однесува до мене, бев возбуден за новата сезона, но не знаев што ми носи иднината или колку долго ќе продолжам да возам. Се чувствував многу мотивирано и возбудено да продолжам да возам. Се појави можност и си реков дека треба добро да размислам. Немав многу време за размислување и морав само да го следам мојот инстинкт. Решив да ја искористам шансата“, изјави Хамилтон.

Шампионатот во Формула 1 започнува во сабота со Големата награда на Бахреин.

Слични содржини